Општи информации за IPA Cross Border Programme


Информативен сајт објавен од страна на Трговско-индустриска Комора - Благоевград, Република Бъгария и Организација на жените - Штип, Република Македонија на проектот "Промовирање на селскиот и планински туризам помеѓу Република Бугарија и Република Македонија, финансиран од програмата за прекугранична соработка на Инструментот за претпристапна помош" Бугарија - Македонија 2007 - 2013 "на Европската Унија.



Търговско-промишлена палата - Благоевград BG Трговско-индустриска комора - Благоевград, Република Бугарија ПРОЕКТ: FRESH AIR MK Организација на жените - Штип, Република Македонија Организация на жените - Щип


Mobile Version of www.freshair-ipa.eu
mobile.freshair-ipa.eu


Избери твојот јазик
EN EN | BG BG | MK MK


Корисни Линкови:

- Програма за прекугранична соработка 2007-2013 Инструмент за претпристапна помош

- Eвропска комисија

- Благоевград

- Добърско, село Добърско

- Електронски магазин за град Разлог

- За хотелите во Бугарија ...

- Министерство за регионален развој и урбанизам, Управувачки орган во рамките на програмата

- Никополис ад Нестум

- општина Петрич

- општина Симитли

- општина Струмяни

- Општина Хаджидимово

- Парк хотелот "Пирин"

- Село БГ - Духот на Бугарската село

- Совет за европски прашања

- Bulgaria Travel

See all links



Влез за Администрација

Влез за Администрација



ДАТУМ

ДАТУМ 18/10/2019



Съдържание



За Проектот  |  Специфични цели на проектот:  |  Согласност на целите  |  Активности на проектот:  |  Општи цели на проектот:




MK


Општи информации за IPA Cross Border Programme


Официаната страница на IPA Cross Border Programme

Имплементацијат на актуелната програма ќе биде финансирана од новата „ Европска територијална соработка„ цел преку ИПА фондот и кофинансирана од Бугарија и поранешна југословенска Република Македонија, преку придонеси од националниот буџет. Настанатиот единствен ќуп на пари мора да биде потрошен според единствен сет (комплет) на правила и врз база на заеднички пристап кој што бара инволвирање на зазеднички програмски и организациски структури. На овој начин ИПА ќе промовира зајакната соработка и прогресивна екомоска интеграција и кохеренција помеѓу ЕУ и земјите кандидати.


Програмскиот документ кој што заеднички е потпишан од двете земји преку големо партнерство со националните регионалните и локалните власти, беше одобрен од Европската комисија на 14. декември 2007. Тој ја уредува главната рамка на интервенција на ИПА во прекуграничкото пордачје на програмата.


Дозволениот регион на програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и поранешна југословенска Република Македонија покрива територија од 18 737 км 2 со популација од 1 065 605 жители. Вкупната гранична линија е 165 км.


  • Граничната територија на Бугарија ги вклучува областите Благоевград и Ќустендил (НУТС 3), покрива 9 501 км2 ( 8,6 % од вкупната државна територија) и со популација од 486 291 жител (6,3 % од вкупната популација на државата). Се состои од 23 општини (НУТС 4) и 462 населби:

  • Област Благоевград: 14 општини - Банско, Белица, Благоевград, Гоце Делчев, Гермен, Кресна, Петрич, Разлог, Сандански, Сатовча, Симитли, Струмјани, Хаџидимово, Јакоруда;

  • Област Ќустендил: 9 општини - Бобов Дол, Бобошево, Дупница, Кочериново, Ќустендил, Нвестини, Рила, Сапарева Бања, Трекљано.
  • Граничната територија на поранешна југословенска Република Македонија ги вклучува регионите Северо-источен, Источен и Југо-источен (НУТС 3 статистички региони), покрива 9 253 км2 (35,9 % од вкупната државна територија) и со популација од 579 314 жители (28,6 % од вкупната популација на државата). Се состои од 27 општини (НУТС 4), вклучувајќи 641 населба:

  • Североисточен регион: 6 општини - Кратово, Крива Паланка, Ранковце, Куманово, Липково и Старо Нагоричане;

  • Југоисточен регион: 10 општини - Валандово, Гевгелија, Богданци, Дојран, Радовиш, Конче, Струмица, Босилово, Василево и Ново Село;

  • Источен регион: - 11 општини - Берово, Пехчево, Виница, Кочани, Чешиново - Облешево, Зрновци, Пробиштип, Штип, карбинци, Делчево, Македонска Каменица.

Програмата за прекугранична соработка презентира кохерентен и ефективен одговор на пречките и слабостите на регионот и ги дефинира поволните стратегии за иден заеднички развој на граничниот регион врз основа на искуствата од претходниот период од програмата и заклучоците од регионалните анализи. Стратегијата ги вклучува вкупните стратешки цели на програмата и ги идентификува специфичните цели кои што треба да се достогнат со мерките на избраната приоритетна оска на програмата.


Главната цел на регионалната соработка помеѓу секторите и административните единици која што треба да се достигне, според дефиницијата на програмата е: Одржлив развој на граничниот регион и подршка на усилбите за широката евроска соработка и интергација.


Во насока на зголемување на ефикасноста на интервенцијата, програмата планира да ги концентрира фондовите на мал број на стратешки избрани специфични цели, што ветуваат растечки потенцијали и можности за развој.



За Проектот  |  Специфични цели на проектот:  |  Согласност на целите  |  Активности на проектот:  |  Општи цели на проектот: